Муртезани: МЕПСО се уште нема добиено најава за поскапување на струјата

МЕПСО се уште нема добиено формална најава за зголемување на цената на струјата од јануари од страна на Регулаторна комисија, истакна директорот на АД МЕПСО, Орхан Мутрезани, по отпочнувањето на изградбата на 110 кв далековуд Велес-Овче Поле.whatsapp sharing button

twitter sharing button

Откако ќе добиеме формална најава дека ќе се врши промена на цената МЕПСО ќе ги направи сите пресметки и навремено ќе бидат доставени до Регулаторната комисија, вели Муртезани.

Прашан дали постои можност за повисока цена на струјата, поради зголемени трошоци, Муртезани со одговор дека тоа ќе зависи од пресметките.

-Ако пресметките покажуваат дека треба да се зголеми преносната тарифа на МЕПСО, секако дека ќе побараме, вели Муртезани.

Тој посочи дека МЕПСО нема никакви загуби или штети со вклучувањето на струјата на Железници.

-Моментално македонски Железници и Транспорт бидејќи немаат снабдувач со електрична енергија влечат од мрежа, енергијата којашто ние ја користиме за балансирање. Секако дека за таквата енергија МЕПСО испорачува фактура којашто македонски Железници треба да ја плати, додаде Муртезани

Back to top button
Close