СДСМ: Неразумно е ВМРО-ДПМНЕ да не свикa вонредна седница на Град Скопје за аерозагадувањето
СДСМ има иницијатива за вонредна седница на Советот на Град Скопје и неколку клучни мерки за намалување на загадувањето во главниот град, велат од Бихаќка и обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ не преземаат ништо за здравјето на граѓаните и дека бегаат од седница.
„Мерка 1: Итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз.
Мерка 2: Воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје.
Мерка 3: Итна промена на средства во Буџетот на Град Скопје, за зголемување на парите за борба против загадувањето.
4. Финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, (замена на котлите во системот на затоплување).
5. Изготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје.
6. Чистење/миење на улиците и јавните површини со помош на цистерни.
7. Безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност. Ги повикуваме во ВМРО-ДПМНЕ да ги прифатат мерките на СДСМ“,кажа на денешната прес-конференција Дарко Каевски, портпарол на СДСМ и пратеник.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак преку соопштија денеска велат „Коалицијата Ковачевски – Арсовска“ треба да преземе мерки против загадувањето на воздухот. Оттаму велат дека СДСM и Арсовска само си ја префрлаат топката во врска со мерките кои треба да се преземат, но ништо конкретно нема.