Таравари: Подготвивме програма од пет точки, ако се прифатливи за Владата ќе преговараме за кадровските решенија
Тој вели дека ако се прифатливи програмските, тогаш ќе преговараат и за кадровски решенија. Таравари не сакаше да открие повеќе детали околу тоа кои се нивните пет точки, пред да се сретне со премиерот Ковачевски.
– Веќе имаме подготвено програма со пет точки во кои што ќе бидат нашите барања до мнозинството, до Владата. Ако се прифатливи за нив, ќе продолжиме да преговараме и за кадровските решенија. Ако не се подготвени, тогаш мислам дека наскоро ние треба да ја завршиме оваа приказна. Или ќе се договориме наскоро или ние ќе продолжиме во опозиција. Ќе се делуваме како што сме делувале овие последни седум-осум години, рече тој на јавната дебата на тема „За вистинска реформа на фискалната децентрализација“ во организација на Институтот за јавни политики „Арбен Џафери“.
На новинарско прашање дали меѓу тие барања е и она за гаранции за уставни измени, Таравари изјави дека пакетот на мерки што го презентираа пред јавноста, меѓународниот фактор и другите политички партии, ќе бидат нивното главно барање.
Тој рече дека прво ќе видат дали можат да бидат усогласени нивните програмски барања, а ако не ќе продолжуваат да дејствуваат како опозиција. Без разлика дали ќе бидат дел од владината коалиција, Таравари смета дека оваа година не треба да биде изборна, бидејќи, како што рече, такви се препораките од „сите пријатели“.