Дојави за бомби кај претседателот, во музеи, хотели, ФФМ, Железничка…

Дојава со закана за поставени бомби на локации во Скопје стигнаа на електронската адреса на повеќе институции, меѓу кои и во претседателската палата, трговски центри, медиуми.

,,Нема да застенеме додека корумпираната власт на СДСМ не се тргне. Властите веќе знаат што треба да прават, но тоа не го прават. Писмото беше пратено одамна“, пишува во електронската порака од извесен Грахам Клеин, пишува Kанал 5 каде, исто така, пристигнала дојава за бомба.

 

Во заканата се наведени и локации во главниот град з,а како што вели во писмото, поставени експлозивни направи. Од МВР велат дека веќе почнаа со проверки на локациите.

 

-Денеска (21.02.2023) е пријавено дека преку електронските адреси е упатена закана за поставена експлозивна направа до Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ Спомен куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ Бисер, Флатајрон, Џевахир, Управен суд, Куќа на претседателот-Вила Водно, хотел „Мериот“, хотел „Александар Палас“, СЦ „Борис Трајковски“, Железничка станица – Скопје и ФФМ. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, стои во соопштението од МВР.

Back to top button
Close