Гласањето е безбедно, порачува сертифицираниот обучувач на ДИК од Куманово

Граѓанинот кога ќе се упати на гласачкото место е треба задолжително со себе да носи заштитна маска, која што ќе ги прекрие лицето, носот, устата. Кога ќе се уапти на гласачкото место, тој се упатува на член на избирачкиот одбор, кој што најпрво ќе му каже да ги дезинфицира рацете со средство за дезинфекција на рацете и ќе го провери со УВ ламба.

-Ќе го насочи на член на избирачки одбор, кој што ќе му ги провери документите за лична идентификација. При што во тој момент гласачот треба да ја тргне маската од лице, а потоа повторно да ја врати назад на лицето. Битно е да се знае дека за секој граѓанин неоходни се два документа за лична идентификација за остварување на гласачко право, валидна важечка лична карта и важечка патна исправа. По пронаоѓање на лицето во соодветниот избирачки список, се потпишува во определената графа, се става отпечаток од десен показалец, понатаму се насочува на член на избирачки одбор кој што ќе му исцепа внимателно од кочан гласачко ливче, ќе му стави печат на предната горната страна, се прска со УВ спреј, ќе се насочи  кон гласачкиот параван и без никакво поголемо задржување со заокружување на редниот број на една од кандидатските листи предвидени за овие избори ќе го оствари своето демократско право за гласање загарантирано со Уставот, појаснува Ивановски.

Ивановски додава дека граѓанинот дискреционо го витка гласачкото ливче, доаѓа до гласачкиот параван го пушта во гласачката кутија, си ги зема документите за лична идентификација, и пред да го напушти гласачкото место задолжително по втор пат ги дезинфицира рацете.  На гласачкото место се задржуваат онолку гласачи колку што има  паравани. Сето тоа го регулира избирачкиот одбор, кој е задолжен за одржување социјална дистанца, како помеѓу членовите на избирачките одбори, така и за овластените претставници на подносители на листи и за гласачите.

Сакам да упатам апел до сите граѓани да ги повикам, сите да излезат на гласање доколку сметаат дека треба да го остварат своето гласачко право, секој ќе си ги почитува однапред определените  заштитни мерки така што нема никаква опасност за едно лице да излезе и да го оствари своето гласачко право, вели Ивановски.

Според препораките, ДИК е должна пред и после завршувањето на гласањето во просториите да го дезинфицира секое избирачко место. ам/мд/

 

Back to top button
Close