Ване Цветанов побегнал во Бугарија.Не се враќам,порача новопечениот бугарин преку телевизија
Поранешниот функционер Ване Цветанов и сопруг на поранешната мис на Македонија Дунавка Трифуновска избегал од Македонија откако пред 4 месеци против него беше поднесена кривична пријава за злоупотреба на над 75 илјади евра. Бегството самиот го пријави синоќа во телевизиско интервју за бугарската телевизија „Нова“, пренесува 4NEWS.mk
Ване Цветанов, како претседател на државната институција Совет за унапредување и надзор на ревизијата, ја ангажираше жена му Дунавка Трифуновска да му помага во работењето. Тој тогаш изјави дека нема нешто спорно во тоа што Трифуновска со која имаат склучено само црковен, но не и граѓански брак, работеше во институцијата со која тој раководеше.
„И сега сум жртва на политичка репресија. Сакав да го спроведам бугарскиот модел за контрола над регистрираните ревизори, но Владата не сакаше да го практикува бугарскиот модел. Без разлика што Бугарија потроши време и ресурси“, додава тој во телевизиско интервју.
Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција пред четири месеци поднесе кривична пријава против Цветанов поради постоење основано сомнение дека од позиција на в.д. претседател на тело основано од Владата, во периодот од 2021 до 15.3.2022 година, сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување со што за себе и за други лица, на штета на буџетот на телото прибавил противправна имотна корист во вкупен износ од 4.656.876 денари (75.722 евра).
Не се чувствувам виновен, но знам дека ќе ме казнат во Македонија благодарение на политичкиот дослух на мојот случај. Во обвинителството во моментов и да сакаат не можат да ми дадат помалку од 3 години“, тврди тој.
Од обвинителството велат дека поради презумпција на невиност не може да соопшти податоци за идентитетот на лицата против кои се води претходна постапка.
„Ќе се вратите ли некогаш во Македонија?“, го прашува бугарскиот новинар Ване Цветанов, при што тој одговара: „Не верувам. Она што го направив е избор и нема враќање назад“, категоричен е тој.
Ване Цветанов неодамна по кривичната пријава против него даде изјава а медумите ја пренесоа дека тој сега се чувствувал како бугарин кој се родил и живее во Македонија.
Целото видео интервју со побегнатиот Цветанов на 4NEWS.mk