Гробарот на ДПМНЕ
Уште сум под “импресии” од она очајно фашистичко излагање на народниот пратеник Драган Ковачки. Народниот пратеник, мили боже, таа бљувотина што ја истури на собраниската говорница, ме стаписа и ми предизвика анксиозност. И не сум осамена во доживувањето и ужасот, секако, зашто тој со неговите пеколни повраќаници -одчовечен од било каква људскост – не избрука сите! Атакуваше се што е Човек, вклучувајќи се и себе самиот. Веднаш го замислив како главен спроведувач во концентрационен логор, мртов озбилен и длабоко посветен екстерминатор, како со блескави и среќни очиња ги спроведува жртвите директно во смрт.
И за таа своја изјава, тој треба да поднесе кривична одговорност – никаков имунитет тука не може да му помогне.
Убаво воочи проф. Ристески дека Член“ 64, став 1, од Уставот, (цитирам) го штити пратеникот со тоа што му гарантира пратенички имунитет.
Но, имунитетот не му дава на пратеникот апсолутна заштита! Тој, според став 2 од овој член на Уставот, го штити пратеникот од кривична одговорност и притворање за искажано мислење или за гласање во Собранието. Дотичниот пратеник, пред да го постави пратеничкото прашање, цитираше медицински извештај, на лекар специјалист, психијатар, за здравствената – психичката состојба во која се наоѓала Министерката по одредена стресна ситуација предизвикана од неосновани обвиненија и навреди, токму од страна на тој пратеник. Цитирањето медицински извештај за здравствената состојба на Министерката, по доживеаниот стрес во врска со вршењето на нејзината тешка и одговорна функција, не е изнесување на мислење на пратеникот во врска со работата на Министерката, туку обелоденување на мислењето на лекарот специјалист, содржано во Извештајот, што претставува откривање на лекарска тајна. Податоците за здравствената состојба на граѓаните се строго лични и правото на заштита на нивната тајност е строго лично право на граѓанинот, гарантирано со член 18 од Уставот. Со тие податоци може да располага само граѓанинот на кого се однесуваат. Обелоденувањето на тие податоци пред јавноста од било кого, претставува кривично дело од член 150, на Кривичниот законик. За делото, покрај оној што ги обелоденил, одговара и оној што му ги дал податоците на „обелоденувачот“ на располагање. Значи, покрај заштитата обезбедена со Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, Министерката, во овој случај, согласно со наведениот член на Кривичниот законик, има право на кривично правна заштита во постапка пропишана со Законот за кривичната постапка“(затворен цитат).
Во право е професорот, и за ова мора да има соодветна постапка! Во спротивно, органите на власта ќе ги сметам за сооучесници во овој срамен чин.
Бидејќи однесувањето на ова одчовечено лице е проблематично на повеќе основи, би сакала да нагласам дека особено индикативна е и неговата опседнатост со Славјанка, која е на ниво на манијакалност. Би рекла една јасна слика и прилика за тоа како изгледа и како делува еден патолошки мразач на жените. Затоа ова прашање заслужува многу посериозен третман.
Симптоматологијата е и агресивно шовинистичка. Да не зборувам за тоа дека со тој исказ ги навреди сите кои на било кој начин имаат некаква лична борба со своето менталното здравје.
Сепак, никако да сфатам неколку работи. Прво, не ми е јасно како лице како него (намерно не го именувам како човек!), со оглед на досегашното негово политичко дејствување,успеал да се протне во безбедносниот систем на државава, па и да стане висок офицер во АРМ. Ееееј, на нашата Армија. Лице, без основна безбедносна култура, без грам чесност и со особено високо развиени манипулативно-лукративни карактеристики (за неговиот статус во криминалните евиденции јас не знам, сам нека си каже!).
Замислете, ова лице е ударната игла на ДПМНЕ во безбедносниот систем “во сенка” најверојатно во некоја претпоставена состојба претендент за висока позиција во безбедносниот систем на државата??? Страшно!!! Замислете какви фантазии има ова лице? Дали, би не стрелал сите можеби, без око да му трепне…која човеколика суровина без елементарно чувство за хуманост, мили боже.
Инаку, вредно е да воочиме и тоа дека скоро сите претходни безбедносни перјаници на ДПМНЕ, или се по затвори, или се влечат по судници заради злоупотреби на својата службена положба. Но, тие се, верувајте ми, мали деца компаративно во споредба со профилот на ова лице.
Конечно, серозно загрижувачи е тоа што тука не станува збор само за “ова лице” затоа што тој ја претставува и ВМРО ДПМНЕ (врховистичка, шовинистичка, албанофобична, женомрзачка, хомофобична – таа струја внатре оперира) и секако се она што асоцира на нивното разбирање на демократијата. Тој е симптомот на болеста која мора да биде излекувана од ВМРО-ДПМНЕ. Сигурна сум дека ова чувство го имаат и умерените гласови таму и дека се сложуваат во впечатокот дека тој е ПРИМУС УЛИТИМУС ГРОБАР на таа партија. И токму затоа, ме чуди како во ДПМНЕ може да се поддржува неговата афирмација, а со тоа и фашизоидна политика, додека устата им е полна со “народот”, со грижата за татковината? Сочувствувам длабоко со умерените внатре во ДПМНЕ !!!
Го слушам, Мицковски, нивниот лидер со предлогот за уставни измени- ќе го укинувал ОРД, а во преамбулата да сме ставеле дека Македонија е држава на македонскиот народ и другите кои тука живеат?!?!? Алооо, каде плови овој брод??!
Граѓански Устав имавме веќе, и се покажа дека таа опција е погубна и субстантивно дискриминаторска – спрема другите заедници. Кој ли го подучил на оваа будалаштина? Можда некој “франкофонски ѓак” и наци-либерал ? Или се лажам? Ваквата изјава или е тешка манипулација со граѓанството или е изјава на човек кој сака да не втурне во една опасна неизвесност, како на надворешен план, така, уште повеќе и на внатрешен план. Оспорувањето на правата стекнати со ОРД и враќањето во претходна состојба е сигурен пад во провалија. Искрено, после оваа изјава не знам со кој албански фактор би коалицирале ….
Но, сепак, сиве овие егзибиции кои се манифестираат од дпмнеовските редови, сочиннуваат една ускладена општа слика и наратив – опасна лага и манипулација со чувствата на граѓаните.И тие се во согласност со нивното избегнување јасно да се произнесат за тоа каде ќе ја водат државата откако ќе ги “исполнат ветувањата” за раскинување на Преспанскиот, за Предлог преговарачката рамка на ЕУ , а сега имаме и најнов “генијален” предлог дека ќе го раскинуваат и Охридскиот??!!
Ми се чини дека крајно време е во ВМРО-ДПМНЕ да преовладаат умерените и оние кои се со поголемо чувство за градење на достоинствено општество и држава, ви-за-ви, дневно политичките вжештени глави без визија, кои стрмоглаво не носат во пропаст. Во спротивно, нема простор за надеж.
Ана Чупеска