(ВИДЕО) Рама наскоро со поткаст: Ќе ги поканам и противниците
Премиерот на Албанија, Еди Рама на неговите социјални мрежи го објави неговиот најнов проект „Да Зборуваме“ поткаст кој наскоро ќе започне да се емитува во социјалните мрежи.
Рама: „Добро утро и со неколку зборови за мојот Поткаст, ФЛАСИМ – “Да Зборуваме„ кој наскоро ќе биде отворен за гости… Ви посакувам убава недела… Ова е ново искуство за мене и за вас: мојот поткаст кој е за слободен разговор, со ликови од јавната сцена, уметноста, културата, медиумите, Албанците, странците, пријателски настроени или не, дури и противници зошто да не.. ако ја прифатат поканата… Ајде да зборуваме.






