Домати до 70 денари, пиперки до 90 денари, кромид до 60 денари– на кое ниво се замрзнуваат цените?

Од среда, до крајот на месецов, 11 земјоделски производи, ќе имаат лимитирани највисоки цени по кои ќе може да се продаваат, најави денес на прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

 

 

Така, свежите домати нема да може да се продаваат по цена повисока од 70 денари за килограм, свежите краставици ќе може да се продаваат најмногу 70 денари за килограм, цената на кромидот најмногу 60 денари, карфиолот најмногу 70 денари, зелените пиперки најмногу  90 денари, гравот најмногу  75 денари, леќата не повеќе од 110 денари, бананите најмногу 70 денари, портокалите најмногу 55 денари, мандарините најмногу 60 денари ,а лимоните не повеќе од 55 денари за килограм

Бектеши рече дека маржите на овие производи достигнувале и од 200 до 250 отсто во текот на март. Тој исто така посочи дека на табелата се гледаат и просечните увозни цени, по кои овие производи биле набавувани, како и други важни податоци кои влијаеле на владината одлука.

„Очекуваме од крајот на април и во почетокот на мај откако ќе почнат да се пласираат нашите домашни производи на овошје и на зеленчук, дополнително да има зголемување на конкуренцијата која ќе влијае и на намалување на цените. Убедени сме дека во април ќе има едно од најголемите намалување на цените генерално во државата, а посебно на храната и на енергентите“, рече Бектеши.

Казните за непочитување на одлуката се од 800 до 10 илјади евра зависно од големината на субјектот.

Back to top button
Close