Берлускони пуштен од интензивна нега, но и натаму во болница

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој боледува од хронична леукемија, е пуштен од одделот за интензивна нега, но се уште е во болница во Милано, каде се лекува од инфекција на белите дробови, изјави денеска неговиот брат Паоло Берлускони.

„Сè е во ред, тој е надвор од интензивна нега“, пишува миланскиот весник „Кориере дела сера“ како рекол Паоло Берлускони пред да го посети својот 86-годишен брат во болница.

Болницата одби да ги коментира овие наводи, но соопшти дека утре ќе објави медицински билтен за состојбата на Берлускони, пренесе АП.

На 5 април Берлускони беше примен во болница поради пневмонија, а за време на хоспитализацијата неговите лекари открија дека боледува од хронична леукемија.

Back to top button
Close