Полагањето државна матура под знак прашалник – синдикатот на Државниот испитен центар стапи во генерален штрајк
Синдикалната организација на Државниот испитен центар (СОДИЦ-СФДМ) од денеска стапи во генерален штрајк, поради не добивање согласност на барањето за изменување и дополнување на колективниот договор од страна на Министерството за финансии, a со цел заштита на економските и социјални права на своите членови, информираат од СОДИЦ-СФДМ.
„Сите процеси кои се во надлежност на Државниот испитен центар (државна матура, државно тестирање, обука и испит за директори, приправнички испити, меѓународно тестирање ТИМС итн.) ќе бидат запрени до добивање на согласност од Министерството за финансии. Сите 29 вработени се членови на синдикатот и состојбата на штрајк која би траела подолго од една недела би значела невозможност да се спроведе државната матура“,
велат од СОДИЦ-СФДМ.
Оттаму апелираат Министерството за финансии итно да даде согласност на веќе потпишаните измени на колективниот договор со кои вработените би добиле достоинствени плати. Во овој момент, се додава, 11 од вкупно 29 вработени на различни позиции се изедначени и имаат минимална плата од 20 000 денари