До 19 часот во општина Гевгелија излезноста е 62 отсто
Општина Гевгелија надмина излезност од 62 отсто на запишаните гласачи кои до 19 часот, во мирен избирачки ден го дадоа својот глас на вонредните парламентарни избори. Од ОИК Гевгелија соопштија дека на 37 избирачки места гласале 11.897 граѓани.
Во општина Валандово заклучно со 19 часот излезноста е 57 отсто што значи дека до тој момент гласале 5.664 граѓани. Во општина Богданци излезноста достигна околу 52 отсто со гласање на 3.464 граѓани, а во општина Дојран гласале 1.578 граѓани што претставува излезност од околу 59 отсто од вкупно запишаните во единствениот гласачки список.
Избирачкиот ден во четирите општини од југоистокот поминува без неправилности, мирно и достоинствено.