ВМРО-ДПМНЕ во живо пред палатата „Христо Татарчев“ ги следи резултатите од изборите

ВМРО-ДПМНЕ вечерва на плоштадот ВМРО пред палатата „Христо Татарчев“, организира настан на кој ќе се следат резултатите од изборниот процес за парламентарните избори 2020 година и тоа веднаш  по завршување на гласањето во 21 часот.

Во Македонија денеска се одржаа десеттите парламентарни избори, петти предвремени избори. Право на глас имаа 1 милион 814 илјади и 613 полнолетни граѓани, кои гласаа на 3.480 избирачки места. Овие избори се издвојуваат од досега одржаните во земјата бидејќи се организираат во состојба на пандемија со коронавирусот, гласањето за различни категории граѓани е три дена, а денешниот изборен ден ќе трае два часа повеќе од вообичаеното и е прогласен за неработен.

Back to top button
Close