ВО АЛБАНИЈА ДЕНЕС СЕ ОДРЖУВААТ ЛОКАЛНИ ИЗБВОРИ

Во Албанија денес се одржуваат локални избори во 61 општина . Претседателот на  Државната изборна комисија Илиријан Целибаши информираше дека , поради бројни проблеми со електронската идентификација , донесена е одлука гласањето да продолжи и со мануелна идентификација на гласачите . ,, Имаме проблеми во повеке гласачи места со електронската идентификација ,, рече Целибаши .   Вкупниот број на гласачи изнесува 3,6 милиони кои гласаат во вкупно 5213 избирачки места. До 13 часот  на гласање излегле  околу 2о одсто .

Во изјавите што по гласањето ги дадоа  лидерот на Социјалистите и премуер Еди Рама , како и лидерите на опозицијата Сали Бериша и Илир Мета , беше побарано маоснвно излегување на гласање на албанските државијани . За разлика од Рама кој денеска  рече дека победата е сигурна на Соицијалистите и колицијата ,опозицијата и денеска на денот на гласањето соопшти дека осдобено треба да се внимава на како што рече манипулации на изборите од страна на партијата на власт.

И денеска во центарот на вниманието се тензиите на релација Атина – Тирана по притворот на кандидатот на опозицијата  за општината Химара , Фреди Бејлери , кој беше притворен бидејки како што информираше албанското МВР купување на гласови. Официјална Атина преку премиерот Митсотакис , побара Бејлари да се осолоби  веднаш бидејки не е вмешан во коруптивни изборни активности.

Претседателот на единиствената политичка партија ја Македонците во Албанија ,,Македонска Алијанса за Европска Интеграција ,, Васил Стерјовски за медиумите изјави дека МАЕИ  е во коалиција  со владеачката Социјалистичка партија . Во  општина  Пустец  МАЕИ ке го подржи заедничкиот кандидатот на Социјалистите за градоначалник , Македонецот Пали Колефски , кој се верува дека ке го добие вториот мандат .  Во Пустец МАЕИ има сопствена листа со 15 кандидати која е предводена од страна на Тако Граждани , инаку генерален секретар на македонската партија , додека пак во другите општини како што се   Тирана , Корча ,Кукс,  Поградец  кандидатите на македонската партија се во листите на Социјалистите .

К. Мимидиноски

Back to top button
Close