РАДЕВ И ПИКОЛОМИНИ

Наместо два нови моста, Скопје остана со еден помалку. Но, тоа не е сè. Градот е пред банкрот, а јавниот превоз е најлош откако постои, метежот на скопските улици станува веќе неиздржлив, а градоначалничката Данела Арсовска за хаосот ги обвинува ВМР0-ДПМНЕ и СДСМ.

СДСМ ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ чија кандидатка за градоначалничка беше Данела, ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ дека соработува со нивната градоначалничка, советниците на СДСМ бараат вонредна седница, ВМРО-ДПМНЕ не закажува седница оти чека предлог од градоначалничката, а таа ни кога има седница не им доаѓа да им одговара на прашањата. Сите се жалат дека не можат да најдат начин како да комуницираат со неа и чиниш мостот што се запали и што е затворен за сообраќај сам ќе се пушти ако продолжат меѓусебно да се обвинуваат. А и јавниот превоз и празната каса сами ќе се решат.

Партиите си гледаат сеир на маките на граѓаните и чекаат Данела да го докусури главниот трад. А на граѓаните баш им е гајле со кого е таа, дали со СДСМ, дали со ВМРО-ДПМНЕ или со ДУИ, додека чекаат нервозно на автобуските постојки, додека се туркаат во автобусите, доцнат на работа и трубат заробени во километарските колони низ улиците.

Оние што градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ ја споредуваат со Пиколомини не се коректни. Пиколомини го запалил Скопје само за еден ден и – завршил работа. Ако за година дена Данела успеа толку да го уништи градот, којзнае што нè чека допрва во следните три години.

Целата колумна на Горан Михајловски на СДК МК

Back to top button
Close