Во поплави и лизгање на земјиштето загинаа најмалку 221 лице во јужниот дел на Азија

 Во поплави и лизгање на земјиштето, предизвикани од силните монсунски дождови, загинаа најмалку 221 лице во јужниот дел на Азија во текот на изминатиот еден месец, соопштија надлежните служби.

Над еден милион луѓе се блокирани во Непал, Бангладеш и Индија, а стотици илјади други ги напуштиле своите домови, барајќи засолниште во подрачјата кои се на повисока надморска височина.

Според индиските власти, во поплави и лизгање на земјиштето во североисточниот дел на земјата животот го загубиле уште 16 лица, а осуммина загинаа при уривање на две згради во Мумбај, со што вкупниот број на жртвите достигна 101.

Властите во Непал соопштија дека во изминатиот еден месец загинале најмалку 117 луѓе, а надлежните во Бангладеш тврдат дека во тој период загинале три лица.

Поплавите зафатија и најголем дел од индискиот национален парк Казиранга, каде живеат околу 2.500 примероци на еднорогиот носорог, редок животински вид.

Back to top button
Close