„Национални шуми“ апелираат да не се купува огревно дрво од нелегални продавачи

Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, апелира до граѓаните да не купуваат огревно дрво од нелегални продавачи, предупредувајќи дека со тоа директно се поддржува дрвокрадството и уништувањето на шумите.

Михаилов посочува дека зад нелегалната сеча најчесто стојат организирани групи кои, како што вели, во одредени случаи се подготвени и физички да се пресметаат со вработени во „Национални шуми“ и со припадници на шумската полиција. Како пример го посочи инцидентот што летово се случи во Штипскиот Регион.

Тој предупреди дека нападот врз овластено службено лице носи сериозни последици.

„Сите оние кои ќе се дрзнат во иднина да кренат рака на овластено службено лице, треба однапред да бидат подготвени дека следи сериозна затворска казна, бидејќи станува збор за напад на службено лице“, вели Михаилов.

Според него, проблемот со криминалните структури не е ограничен само на лица надвор од претпријатието. Михаилов признава дека биле утврдени и случаи на вработени во ЈП „Национални шуми“ кои имале контакти со криминални структури.

„Да, сè уште има наши вработени, за кои, за жал, утврдивме одредени конекции со криминалните структури и онаму каде што тоа ќе го детектираме, нема пардон. Веднаш се отпочнува постапка по однос на она кое што го имаме како докази и имаме суспензии, кривични пријави и дисциплински постапки“, рече Михаилов.

Покрај нелегалната сеча, шумите во земјава секоја година се соочуваат и со опасност од пожари, меѓу кои и намерно предизвиканите пожари

Back to top button
Close