Две светиниколски конфекции остануваат затворени до понеделник

Светиниколските фабрики „Мода“ и „Кемтекс“ ќе бидат затворени до понеделник, информираше за МИА директорот, Ангел Димитров. Од досегашниот скрининг во двете конфекции се покажа дека 45 работници се заразени со коронавирусот, од кои 15 се претходно откриени пред масовното тестирање, кое е направено со одлука на раководството на двете конфекции.

-Добро е што од нашите две фабрики 80 отсто од позитивните случаи се асимптоматски, доколку не го направивме скринигот заразата ќе се ширела во погоните. Одлуката што ја донесовме за скрингот е добра и во моментов чекаме резултати за 90 работници, вели Димитров.

Тој истакна дека со оваа состојба, испораката на производите за партнерите ќе биде пролонгирана за две недели. Производите требало да се испорачат до 31 јули, но сега ќе се пролонгира за две недели и се надева дека партнерите нема да им испорачат казнени пенали.

Во штипскиот регион исто така се шири заразата меѓу работниците, појавена е во вкупно осум, од кои три се нови. Дел од нив се затворени. Епидемиолозите велат дека работниците веќе не ни знаат како се заразиле, дали по работното време, при дружење со пријатели или семејството или пак во контакт со некоја од работничките.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека позитивна вест е што по извршениот скрининг на новинарите во Штип, на којшто се јавија само шестмина, ниту еден од нив не ја прележал инфекцијата. Новинарите од овој град добро, како што вели, се заштитувале и ги почитувале здравствените протоколи при нивното известување од терен.

Back to top button
Close