Жена во Еквадор прогласена за мртва оживеа на сопствениот погреб

Семејството на погреб на постара жена од Еквадор било вџашено кога сфатуло дека таа е сепак жива. Бела Монтоја (76) била прогласена за мртва по срцев удар минатата недела.

Монтоја сега е повторно во болница на интензивна нега, а Министерството за здравство на Еквадор формираше комитет за да го истражи инцидентот.

Во соопштението, Министерството објаснило дека жената доживеала кардиореспираторен застој – губење на дишењето и функцијата на срцето – и не реагирала на обидите за реанимација.

Монтоја потоа била ставена во ковчег неколку часа додека членовите на семејството не забележале дека се обидува да дише.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како лежи во отворен ковчег и тешко дише додека околу неа се собрани неколку луѓе, пренесе Би-Би-Си.

Потоа пристигнуваат болничарите и ја набљудуваат Монтоја пред да ја префрлат на носилки и во амбулантно возило.

Сега таа е на интензивна нега во истата болница каде лекарите констатирале смрт.

Back to top button
Close