11-годишното девојче од Приштина, жртва на групно силување, сега силувано во Центарот за рехабилитација
Мрежата на жени на Косово укажа на скандал во Центарот за рехабилитација каде било силувано 11-годишно девојче, кое минатата година беше жртва на повеќекратнo силувањe во Приштина за што беа уапсени 5 мажи.

Како што објави Индекс онлајн, станува збор за девојче која е сместено во засолниште со висок степен на обезбедување. Минатата година девојчето беше жртва на силување на пет мажи, а случајот предизвика револт и протести во Приштина и во регионот.
„Мрежата на жените на Косово изразува длабока загриженост поради институционалниот неуспех да ги заштити жртвите на родово базирано насилство, и тоа во просториите на самото засолниште. Силувањето на 11-годишно девојче во засолниште со висока безбедност јасно покажува институционален неуспех и запоставување. Покрај очигледниот неуспех да се рехабилитираат жртвите на родово засновано насилство, институцијата наново ги трауматизира жртвите“, велат од Мрежата на жени на Косово.
Според Мрежата на жени на Косово, 11-годишно девојче било од малолетник кој бил сместен во истиот центар.






