Мајка раскажува дека децата и биле тепани од косовската полиција: Ги затекнав како клечат пред полицајците

Марија Радосављевиќ, мајка на две деца тврди дека нејзините деца биле тепани од припадници на специјалната единица на косовската полиција. За порталот „Косово онлајн“ раскажа како ги нашла децата претепани, кога ја повикале да дојде да ги земе.

-Бев во градот, додека го носев мојот најмал син на тренинг. Ми се јави постариот син и рече дека биле малтретирани и дека некој мора да дојде да ги земе. Реков дека веднаш ќе дојдам мислејќи дека треба да донесе лични карти – вели таа.

Марија раскажува дека потоа се обидела да разговара со синот и ќерката, но тие не се јавиле на телефон, па мислела дека полицајците им ги одзеле апаратите.

-Ги зедов личните карти и си заминав, а кога стигнав на тоа место пред мене имаше блиндирано возило, а кога го тргнав погледот, ќерка ми седеше и плачеше на ливадата целосно растргната – истакна таа.

Радосављевиќ изјавила дека веднаш потрчала кон ќерка си, но дека полицијата ја спречила да и пријде. Над девојката стоеле двајца полицајци со пиштоли во рацете.

-Се обидов да ја смирам, но не успеав во тоа. Во еден момент ми кажа дека не може да се смири бидејќи го претепале нејзиниот брат. Кога се завртев видов како син ми стои до оклопното возило, и ги држи рацете над главата – раскажува таа.

Радосављевиќ за косовските медиуми посочи дека по проверките биле пуштени и дека кога дошла дома видела дека нејзиниот син има многу модринки. Тогаш децата и кажале дека синот ја бранел сестра му кога ја влечела полицијата.

 

Back to top button
Close