Пратеничка албанка во хрватското Собрание: Албанците од Хрватска се спремни да доjдат на помош на косовската полиција во Митровица

Пратеничката Албанка во хрватскиот Сабор, Ермина Лекај Перласкај, во интервју за порталот Лидери.мк од Скопје вели дека Албанците во Хрватска, но и целата хрватска јавност со посебно внимание ги следат случувањата на Косово.

На прашањето дали Албанците од Хрватска ќе бидат подготвени да се приклучат на војската и полицијата на Косово, во случај на потреба, Лекај одговара позитивно.

„Албанците во Хрватска се тесно поврзани со својата татковина и тоа го докажаа за време на хрватската национална војна, но и за време на војната на ОВК“, истакнува Лекај Перласкај во интервјуто за веб порталот на албански јазик од Скопје, Лидери.мк.

Таа додава дека симпатиите на хрватската јавност традиционално се на страната на народот на Косово и дека овие симпатии се зголемени и по “киднапирањето” на тројца косовски полицајци од страна на српската полицијa.

Back to top button
Close