Путин нареди воени вежби со учество на 150.000 војници
Претседателот на Русија, Владимир Путин, нареди одржување воени вежби низ целата држава со учество на околу 150.000 војници.
Министерството за одбрана на Русија нагласува дека маневрите ќе траат до вторник и дека во нив ќе учествуваат 27.000 воени возила, 414 авиони и 106 бродови.
Целта на вежбите е да се обучат војниците да спречат „терористички закани“ на југозападниот дел на Русија и да се подготват за поголеми воени вежби „Кавказ 2020“, што ќе се одржат оваа година, соопшти Министерството. Војниците ќе вежбаат на 35 терени за обука.
Русија го зголеми обемот на воени вежби во претходните години, како резултат на тензиите со Западот.