Почнува летото

Во 16 часот и 57 минути денеска почнува летото. Во исто време на Јжната хемисфера почнува зимата.

 

Денот денеска ќе биде најдолг, а ноќта најкратка. На денот кога почнува летото, Сонцето го прави својот најголем лак над хоризонтот. Изгрева на североисток, на југ ја достигнува најголемата дневна висина, а заоѓа на северозапад.

Во Скопје, Сонцето изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денот ќе трае 15 часа и 14 минути.

На првиот ден од летото, синоптичарите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура е во интервал од 11 до 19 степени, а дневната од 25 до 35 степени

Back to top button
Close