Сопственикот на исчезнатата подморница бил тужен за измама – продавал карти од 200.000 долари а не ги организирал патувањата

Марк и Шерон Хејгел од САД, поднеле тужба против директорот на компанијата „Оушн Гејт“ Стоктон Раш (61) затоа што пред пет години им продал билети за подводна експедиција, иако во тоа време воопшто не ни планирал такво патувањето.

Раш, кој е и меѓу исчезнатите патници на подморницата, не сакал ниту да ги врати парите на двојката! Тоа било главната причина поради која милионерите од Флорида, Марк и Шерон Хајгл, поднеле тужба против него. Тие тврдат дека пред пет години директорот им продал патување до потонатиот брод Титаник за 210.258 долари по човек, иако тогаш мисијата не била ни планирана.

Имено, во 2017 година Хејгел објавија дека се меѓу првите луѓе на планетата што ќе ги видат остатоците од потонатиот брод Титаник. Рекоа дека купиле билети за подводната експедиција на компанијата Оушн Гејт, основана во 2009 година од бизнисменот од Сиетл, Стоктон Раш. Меѓутоа, никогаш не отишле на тоа патуцање и во февруари годинава го тужеле Раш за измама.

Back to top button
Close