ВИДЕО: Девојче продава крофни за да собере пари за лекување на татко си
Девојче во Нови Сад, Србија продава крофни за лекување на својот болен татко.

Откако се дозна за неа, со помош на сограѓаните Нина Нинковиќ за едно попладне успеала да продаде дури 500 крофни.
red za krofne preslatke devojčice koja ih prodaje i skuplja pare za lečenje svog tate 💘 pic.twitter.com/6l8nAgfHUy
— Filip Baloš (@FilipBalos1) June 27, 2023
Приказната на Нина ги трогнала пред сè новосаѓаните кои одлучиле да му помогнат на девојчето. Нејзината мајка и баба ги подготвувале крофните, а таа ги продавала по цена од 100 динари. Но, и неколку соседи одлучиле да му помогнат на девојчето со подготовка на крофни, а на социјалните мрежи е споделен и повик да се јават сите кои можат да помогнат во подготовката на крофни за што побрзо да соберат пари за лекување на таткото на Нина.
Нејзиниот татко Зоран во 2016 година го изгубил видот поради аблација на ретината. Во текот на 2022 година повторно му се појавила аблација по што му се дијагностицирани симпатичка офталмија и панувеитис, поради што е и животно загрозен. На Зоран му е потребна помош за да може да замине во руската престолнина Москва на лекување.






