СДСМ: Дерковски должи одговори за денот на изборите
18.07.2020 16:17
746 Читање помалку од 1м
СДСМ во писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ упатувајќи ја партијата и Христијан Мицкоски „причините за третиот последователен пораз на избори да си ги бараат кај нив, наместо да бараат алиби“.
„На изборите на 15 јули во фер, слободна, демократска и безбедна атмосфера граѓаните масовно го поддржаа концептот на СДСМ и коалицијата Можеме. Оливер Деркоски, претседателот на ДИК од редовите на ВМРО-ДПМНЕ должи одговори пред јавноста за случувањата на денот на изборите и објавувањето на резултатите.
Бадијала ВМРО-ДПМНЕ бараат изговори за поразот што им се случи, граѓаните кажаа што мислат за нивната понуда и повторно ги казнија нивните неодговорни, незрели и опасни политики –се вели во соопштението на СДСМ.