Хашим Тачи за обвинувањата од Хаг најавува дека ќе ја докаже својата невиност
Претседателот на Косово, Хашим Тачи, синоќа се обрати пред јавноста откако се врати од Хаг каде беше испрашуван во Специјалното обвинителство. Соочен со обвинувања за воени злосторства и убиства за време на војната во Косово, Тачи нагласи дека ги чул обвинувањата кои му ги товари обвинителството и ги дал своите одговори.
Тој наведе дека не смее да изнесува детали од испрашувањата, но потенцираше дека станува збор за измислици против ОВК.
-Сакам секому од вас да му ја стиснам раката, да ве прегрнам сите и да ве уверам дека со секоја своја клетка ќе излезам чист како солза на крајот од ова патешествие кое продолжува со вас и за вас, изјави Тачи.