Четри новозаразени, а едно лице ја изгуби битката со коронавирусот во Кичево
Четри нови лица се заразени денеска со коронавирусот според податоците од Министерството за здраство за Кичево, а едно лице е ја изгуби битката со вирусот, со што вкупниот број заразени со Ковид-19 во општината се искачи на 100, од кои 83 се активни, 13 се излекувани, а четри лица се починати.
Четрите новозаболени лица се во добра општа здраствена состојба, се лекуваат во домашни услови во изолација и под контрола на нивните матични лекари. Денеска имаме едно лице кое за жал ја изгуби битката со вирусот, рече Д-р Џабир Бајрами, член на Општинскиот кризен штаб во Кичево.
Тој апелираше до граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.