ВИДЕО:  Снимки од земјотресот во Адана – две лица во паника скокнале од терасата

Првите снимки на социјалните мрежи за новиот земјотрес кој го погоди регионот Адана во Турција ја прикажуваат паниката кај луѓето. Некои дури скокале од прозор од нивните домови кои се на пониски катови, поради што се здобиле со повреди и скршеници, јавуваат турските медиуми.

„Во градот Османије две лица скокнале од терасата на нивната куќа во моментот на земјотресот, при што се пренесени во болница и не се во животна опасност“, пренесоа властите.

Земјотресот се случи утринава во 8.45 часот, а според сеизмолозите неговата јачина била 5,5 рихтерови степени, што според нив и не е толку слаб земјотрес, бидејќи, како што објаснуваат, може да урне објекти кои се со слаба градба.

Back to top button
Close