Слободен печат- Корона во старски дом во Радовиш

Тројца пациенти, корисници на услугите на домот за стари лица „Астреон“ од Радовиш, со покачена телесна температура и со бронхопневмонија се префрлени на Инфективните одделенија во Штип и во Скопје. Од нив, двајца се позитивни на коронавирусот, потврди за „Слободен печат“ директорот на оваа приватна установа, Илија Захариев. Покрај нив, во радовишкиот оддел на „Астреон“ заразени со коронавирусот се и една медицинска сестра која работела со пациентите, како и хигиеничарката. Како што тврди директорот, нултиот пациент што го донел коронавирусот во „Астреон“ била хигиеничарката, која пак се заразила од сопругот, надвор од установата. – Уште пред да им се потврдат позитивните резултати, најкритичните пациенти ги префрливме во Штип и во Скопје, во Козле. Тие имаа покачена телесна температура и бронхопневмонија. Од тројцата пациенти, позитивни на коронавирусот излегоа двајца. Во установата коронавирусот влезе откако се зарази сопругот на вработена кај мене. Таа не извести, меѓутоа многу доцна, кога и самиот нејзин сопруг бил испратен на тестирање за коронавирусот, а претходно се лечел на матичен лекар. Ние дознавме многу доцна и немавме време да ги изолираме ниту вработените, ниту пациентите. Моментално сите се тестирани, и вработените и пациентите, имаме 32 корисници на услугите. Сите ги тестиравме во петокот и очекуваме резултатите да бидат готови или денеска или утре, изјави Захариев за слободен печат.

 

Back to top button
Close