И тајландскиот министер за труд поднесе оставка, шеста во последните неколку дена
Министерот за труд на Тајланд, Чатамонго Сонакул, денеска поднесе оставка на функцијата.
Со оваа оставка тој стана шестиот министер што за неколку дена ја напушта владата на премиерот Прајут Чан-оча.
Неговата оставка го отвора патот за голема промена во тајландската Влада чија економија бележи најниски резултати и се обидува да се опорави од глобалните ефекти од кризата предизвикана од коронавирусот, пренесуваат британските медиуми.
Чатамонго за британските медиуми потврди дека поднел оставка, но не ја наведе причината, ниту, пак, коментираше нешто друго.
Претходно денеска министерот Теван Липтапаноп, од канцеларијата на премиерот, поднесе оставка, а четворица други министри истото го направија во четвртокот.