Три нови случаи со Ковид-19 во Струмица

Три машки лица на возраст од 24, 32 и 55 години се новите случаи на ковид-19 во Струмица.

-Новите докажано позитивни на вирусот се од целосно нов кластер и не се поврзани со некој од досегашните. Пациентите засега се во добра здравствена состојба и се наоѓаат на домашно лекување, информира директорот на Центарот за јавно здравје во Струмица, Петре Витанов.

На подрачјето кое го покрива Центарот за јавно здравје досега се регистрирани 31 инфицирани од коронавирусот. Од нив двајца се починати, 15 се активни, а останатите се излекувани

Back to top button
Close