ИК на ВМРО-ДПМНЕ заседава, нема да се бара оставка од Мицкоски

Во белата палата вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролот на партијата Димса Арсовски за тв Телма изјави дека заседанието на Извршниот комитет било вообичаено и никој од членството не побарал а и немало потреба лидерот Мицкоски да поднесе оставка.

Арсовски убедува дека ВМРО-ДПМНЕ била победник на изборите имајќи предвид дека СДСМ имала 4 мандата од коалицискиот партнер Беса.

Тој ја остави отворена можноста партијата да била дел од новата влада неоткривајќи дали и со кого прават разговори за таква варијанта.

Инаку уште вечерта по соопштување на резултатите Митко Јанчев, член на партијата и градоначалник на Кавадарци за бугарската БГнес изјави дека Мицкоски треба веднаш да си поднесе оставка бидејќи губи трети избори од кога е на чело на партијата а истото го побараа и 8-темина вмровци кои во парламентот дејствуваа како независни откако партијата ги исклучи од членството затоа што не ја следеа партиската директива и гласаа за промена на уставното име на државата по Преспанскиот договор со кој се стави крај на долгогодишниот спор со Грција.

Back to top button
Close