СЗО: Автохтоните заедници се особено ранливи на пандемијата заради условите за живот
– Автохтоните заедници, кои сочинуваат половина милион луѓе ширум светот, се особено ранливи на пандемијата на коронавирусот поради често лошите услови за живот, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, изјави дека заклучно со 6 јули биле пријавени повеќе од 70. 000 случаи кај домородните народи на американскиот континент и над 2.000 мртви, пренесоа британските медиуми.
Тој ги повика луѓето да ги преземат сите неопходни здравствени мерки, со посебен акцент на барањето контакти, за да се обидат да го спречат ширењето на Ковид-19.
-Не мора да чекаме за вакцината. Мораме да спасиме животи сега, рече Тедрос на виртуелниот брифинг во седиштето на СЗО во Женева.сд/