Рускоска:  Да формираш хуманитарна организација и да лажеш дека зад неа стои европска хуманитарна организација е дело на еден девијантент ум

Почна судењето за „Меѓународен Сојуз“ во кој обвинети се Бојан Јовановски, Фросина Ременски, Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ и Кристина Блажевска.

Воведни зборови искажа Вилма Рускоска која што рече дека од почетокот оваа организација е темелена на лаги, за да им се извлечат пари на Мицевски и Азмоски, а за тоа била користена и Фросина Ременски.

– Да формираш хуманитарна организација и да лажеш дека зад неа стои европска хуманитарна организација е дело на еден девијантент ум – рече Русковска.

Четворицата обвинети истакнаа дека го разбираат текстот за што се обвинети, но дека не чувствуваат вина.

Back to top button
Close