Миле Јовановски: Не разбирам ништо, ме правите криминалец на 60 години
На прашањето дали разбира за што е обвинет, Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, направи мало „шоу“ во судницата на судењето за „Меѓународен сојуз“, пренесе тв21.
„Не разбирам, ништо не е точно, ме правите криминалец на 60 години“, рече Јовановски.
Судијката му посочи дека не треба да кометира, туку треба да одговори со да или со не, по што Јовановски рече дека го разбира, но дека не чувствува вина.
Потоа Миле Јовановски бараше да објасни, но судијата му рече дека во текот на судењето ќе има можност да даде образложение.