Масакар во стан во Куманово. Ја убил сопругата и мајкаи, 8 год. син се заклучил во собата а тој скокнал од прозорец и се самоубил

Четириесет и шестгодишен кумановец ги убил сопругата и нејзината мајка по што се самоубил. Од полицијата информираат дека случајот е пријавен денеска околу 14:25 часот.
– Денеска (25.08.2023) околу 14:25ч. постапувајќи по добиена пријава, во стан во Куманово полициски службеници ги пронашле починати Е.А.Ј. (40) од Куманово и нејзината мајка П.Н., кои претходно со нож ги убил Д.Ј. (46) од Куманово (сопруг на Е.А.Ј.) Потоа Д.Ј. си нанел повреди и себеси и скокнал од прозорецот. Д.Ј. е пренесен во болницата во Куманово, каде починал, соопшти полицијата.
Во станот каде што се случила трагедијата бил и осумгодишниот син на лицето кое го извршило злосторството и на неговата сопруга – жртвата, пренесе ТВ Телма. Детето е неповредено во крвавиот настан.
Според сознанијата на телевизијата од истрага, детето било заклучено во соба, додека неговиот татко се расправал со сопругата и нејзината мајка.
Соседите за „Кумановоњуз“ нефоцијално раскажале дека сторителот на двојното убиство и претходно неколкупати бил пријавуван за вознемирување и семејно насилство.
Јавен обвинител и екипа на СВР Куманово преземаат мерки за расчистување на случајот






