(ВИДЕО) Рангелова за ТВ24: Мицкоски треба сам да си оди, голема лага е дека ќе составува влада
Даниела Рангелова долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, пратеничка од последниот состав на парламентот вечерва на ТВ24 зборуваше отворено и критички за состојбите во партијата од моментот кога кормилото го превзема сегашниот лидер Христијан Мицкоски.
Прашана како ги оценува изборните резултати Рангелова рече дека е крајно разочарана. Таа смета дека е смешен обидот пред членството да се турка тезата оти ВМРО-ДПМНЕ е победникот бидејќи имале 44 пратенички мандати а СДСМ имале 46 но 4 мандата биле од Беса.
Со колеги сопартијци коментираме меѓу себе дали навистина Мицковски и луѓето околу него мислат дека некој им верува дека ќе составувале влада.
Мицкоски, рече Рангелова, немаше храброст да се стави на листа а не да смислува некаков шпицен кандидат. Тоа е според неа една од греешките на Мицкоски. Што имаше како понуда во кампањата ВМРО ДПМНЕ само компромитирања, бомби, ништо како конкретна понуда за граѓаните.
Мицкоски, според Рангелова се возел на возот дека СДСМ се слаби и лесно ќе ги победи. И каква беше кампањата негова, бомби и спотови за кои молев бога идниот ден да ги нема на тв да не ги гледаме.
Затоа, Рангелова беше конкретна, Христијан треба сам да си оди, не треба никаков притисок, што ќе му е сега еве вечерва на централното претседателство, слушаме, ќе носел нов статут. Тоа и да го стори ништо нема да му помогне. На ВМРО ДПМНЕ му треба пред конгресот времено раководство кои ќе ги спои раскараните групации на партијата и ќе подготви конгрес на кој демократски ќе се избере лидер и ново раководство, рече Даниела Рангелова вечерва во отворено студио на тв 24.
https://www.facebook.com/24vesti.mk/videos/1439430856245966/