Зуди Енузи Кока е нов директор на МЕПСО

Зуди Енузи Кока е нов директор на МЕПСО. Од државната енергетска компанија за Телевизија 24 ја потврдиле веста и посочиле дека Зуди Енузи Кока бил досегашен шеф на кабинет на веќе разрешениот директор Сурија Рашиди.

На функцијата шеф на кабинет Зуди Енузи Кока бил од јуни годинава. За директор на МЕПСО Енузи е назначен минатат недела од страна на Надзорниот одбор. И натаму со МЕПСО ќе раководи кадар на Алијансата за Албанците. Информациите велат дека оваа промена на директорското место во МЕПСО е резултат на внатрепартиска расправија. Инаку, Зуди Енузи Кока директоруваше и во Јавното претпријатие Комунална Хигиена а беше разрешен од страна на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. Овој отказ следуваше по вооружениот инцидентот на неговиот брат Цуфи Кока на Плоштадот Скендер Бег, во кој со пиштол во рацете беше регистриран од медиумите на протестот против францускиот предлог.

Back to top button
Close