Предавање за Балканскиот рис во Europe House во Скопје

Во Europe House во Скопје денеска ќе се одржи настан насловен „Балканскиот рис во Европската Унија“.

Целта на настанот, како што велат од Македонското еколошко друштво (МЕД) е да се подигне нивото на заштита на критично загрозениот балкански рис преку македонската интеграција во Европската Унија.

На настанот најавено е обраќање на шефот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир и на извршната директорка на Македонско еколошко друштво Робертина Брајаноска, а презентација за „Балканскиот рис во ЕУ“ ќе има Диме Меловски

Back to top button
Close