Затворски полицаец пуштил осуденик од затвор, па се возеле заедно

Денеска во 12 часот на раскрсница кај село Чалакли, валандовско, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Валандово ги лишиле од слобода 42-годишниот Р.М. од село Водоча и 27-годишниот Д.Д. од село Рич, струмичко, извести МВР.

– Имено, Р.М. кој денеска во периодот од 07.00 до 19.00 часот бил на работа како затворски полицаец во Затвор Струмица, пречекорувајќи ги неговите овластувања му овозможил на осуденикот Д.Д., кој во моментот издржува затворска казна, времено да го напушти затворот, иако за тоа немал соодветно Решение. Притоа, двајцата, со приватното возило на Р.М. се упатиле кон село Јосифово, валандовско, соопшти МВР.

За случајот се запознаени Основното јавно обвинителство Струмица и Затворот Струмица, а по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close