Библиотека со сауна

Библиотеките не само што имаат збирки на книги и на медиуми, туку се и атрактивни места за престој. 24 октомври е Светски ден на библиотеките. Ви го претставуваме еден од најимпресивните читачки храмови во светот.

Во 2018 година, портите за посетителите ги отвори Хелсиншката „Ооди“. Централната библиотека на Финска се протега како бран меѓу главната железничка станица и зградата на финскиот парламент во престолнината Хелсинки. „Ооди“ е многу повеќе од класична библиотека. Има музички студија, медиумски простории и сала со „паметни ѕидови“. Таму, преку допир на екраните на „паметните ѕидови“ можете да се искуси 3Д-реалноста. „Ооди“ има дури и сауна. (Dw)

Back to top button
Close