ХАМАС БАРА ДА СЕ ИСПРАЗНАТ ЗАТВОРИТЕ СО ПАЛЕСТИНСКИ ЗАТВОРЕНИЦИ


Военото крило на Хамас денеска соопшти дека е подготвено да ги ослободи заложниците киднапирани во нападите на израелска територија во замена за ослободување на сите палестински затвореници во израелските затвори.

– Цената што мора да се плати за големиот број непријателски заложници во наши раце е да ги испразнат затворите со сите палестински затвореници – рече портпаролот на Хамас Абу Обеида во видео изјава објавена на ТВ каналот Ал Акса на Хамас.

Back to top button
Close