Хутите ќе продолжат со ракетните напади врз Израел, можеби и врз израелски бродови

Лидерот на јеменската милитантна група Хути, Абдулмалик ал Хути денеска изјави дека силите на групата ќе продолжат да го напаѓаат Израел и дека можеби ќе почнат да гаѓаат израелски бродови во Црвеното Море и теснецот Баб ал-Мандеб.
„Нашите очи постојано набљудуваат и бараат кој било израелски брод во Црвеното Море, особено во Баб ал-Мандеб и во близина на регионалните води на Јемен“, рече тој.
Групата поврзана со Иран изврши неколку ракетни напади и напади со беспилотни летала врз Израел претходно овој месец, зголемувајќи ја можноста војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас да се прошири и во други земји на Блискиот Исток






