Палчо бил уапсен во турскиот град Бали Кесир додека се движел пешки по автопат
Осомничениот за грабнувањето, планирањето и извршувањето на убиството на малата четиринаесетгодишна, Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски бил уапсен на во турскиот град, Бали Кесир додека се движел по автопат, соопшти министерот за внатрешни работи. Оливер Спасовски вечерва на вонредна прес конференција.
Тој ја соопшти тракеторијата по која се движел Палевски, со автомобил од Скопје бил пренесен од страна на неговиот адвокат, преноќил во хотел во Белград и потоа заминал за Бугарија.
Од Белград бил пренесен од страна на друго лице, ја поминал територијата на Бугарија и заминал за Турција. Низ Бугарија го превезувал негов познаник со потекло од Струмица, кој денеска исто така беше притворен.
Таму отседнал во градот Бели Кесир, а каде се наоѓа, на македонската полиција и соопштил оперативен извор на турската полиција.
Според Спасовски тој симулирал дека заминал за Белград, но се вратил во турскиот град и бил уапсен додека се движел пешки.