Одреден 30-дневен притвор на осомничените за убиството на Вања и Панче

Судија на претходна постапка им одреди по 30 дена притвор на четворицата осомничени за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓоревска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, по вечерашниот распит во Основниот кривичен суд Скопје.

Меѓу нив е и таткото на Вања, Александар Ѓоревски, кого обвинителството го сомничи за помагање, односно дека дал информации за движењето на детето.

Информацијата за определниот притвор ја потврдија од Јавното обвинителство, на чие барање се одредени притворите.

Од Кривичен засега нема официјално соопштение и тоа, со повеќе детали, се очекува во текот на денешниот ден (6 декември).

Четворицата осомничени вчера вечер, околу 20 часот беа спроведени на распит од Истражниот затвор „Скопје“ во Основниот кривичен суд. Првично на сите им беше одреден 48-часовен притвор

Back to top button
Close