Вања не починала од задушување, туку била застрелана – најдени се два пиштоли

Малолетничката Вања Ѓорчевска која беше најдена мртва во неделата во околината на Скопје не починала од задушување, како што се шпекулираше туку била застрелана, соопшти вечерва министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

На новинарско прашање дали е најден пиштолот со кој било пукано во Вања, Спасовски кажа дека се најдени два пиштоли за кои допрва ќе се утврдува дали со нив било извршено убиството.

Најпрво треба да се извештачат па да се утврди дали со тоа оружје било убиено девојчето откако најпрво беше грабнато и однесено во околината на Скопје

Back to top button
Close