Ивановска: Граѓаните препознаваат корупција и се спремни да се справат со неа

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција гледа позитивен тренд кај подготвеноста на граѓаните за справувањето со корупцијата. Ивановска оцени дека во споредба со минатата година имало намалување на бројот на граѓани кои прифатиле да дадат мито и што сега како проблем број еден во државата ја сметаат корупцијата, во гостување на телевизија Телма.

Ако приметите претходните години кога проблем број еден кај граѓаните беше невработувањето, сиромаштијата, итн во последните години тоа е корупцијата. Тоа е донекаде добро затоа што граѓаните препознаваат дека корупцијата е најголемиот проблем и се спремни да се соочат со истата. Понатаму во извештакот кажаа проценти дека отпорот кон коруптивни дејствија во споредба со претходната година се зголемил. Тоа е добар показател, значи на секој трет му било понудено, но секој четврти влегол во таа шема, што значи дека 100.000 пружиле отпор, рече Ивановска.

Според неа треба да се работи понатаму за јакнење на свеста на граѓаните да знаат дека никому ништо не должат и дека онаму каде што се обраќаат за некаква услуга од страна на државните институции тие се должни тоа да им го направат бидејќи за тоа се платени.

Back to top button
Close