Новиот претседател на Аргентина: Земјата нема пари, доаѓа „шок-терапија“

Новиот аргентински екстремно десничарски претседател вети дека ќе обезбеди економска „шок терапија“ за време на неговиот говор на инаугурацијата.

Хавиер Милeј ги предупреди Аргентинците дека земјата нема пари и повторно се обврза на програма со остри мерки за штедење. Популистичкиот аутсајдер извојува ненадејна изборна победа во ноември со радикални ветувања за реконструкција на болната економија на јужноамериканската нација.

Инаугурацијата се одржа вчера во Буенос Аирес. 53-годишникот на церемонијата рече дека ќе ја смени децениската декаденција со длабоки кратења на трошоците наменети за намалување на огромните јавни долгови и намалување на инфлацијата, која сега е повеќе од 140%.

„Заклучокот е дека нема алтернатива за штедење и нема алтернатива за шок-терапија. Знаеме дека на краток рок ситуацијата ќе се влоши, но потоа ќе ги видиме плодовите од нашите напори“, рече Милеј.

Неговата десничарска платформа се залага за ограничување на правата за абортус, либерализација на законите за оружје и негирање на климатските промени. За време на кампањата тој често беше фотографиран како ракува со моторна пила, а неговите изјави многумина ги споредуваа со поранешниот американски претседател Доналд Трамп и поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро.

Тој меѓудругото најави дека ќе ја замени валутата на Аргентина со долар и ќе ја укине централната банка на земјата, заедно со голем број владини оддели.

Back to top button
Close